Премиера на претставата „Обѕрни се во гневот“ во КСП Центар Јадро

„Обѕрни се во гневот“ е новата претстава во режија на Ана Батева што премиерно ќе биде одиграна овој четврток (15 декември) во 18:00 часот во КСП Центар Јадро.

Во претставата работена по текст на Џон Озборн играат Антонио Димитриевски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Бобан Алексоски, а музиката е на Стефан Здравески.

„Тие се млади нереализирани и без каква и да е мисла за утре. Тоа ги гњави, ги јаде одвнатре, а се јадат и помеѓу себе. Во состојба на статус кво  и заглавени во рутината не им преостанува ништо друго освен да се обѕрнат назад, во минатото и со гнев да погледнат на живиот живот, загубен неповратно“, пишува во најавата за пиесата.

Проектот е поддржан од Mинистерството за култура.