Изменет режим на сообраќај и исклучување на неколку линии на ЈСП за време на Скопскиот маратон

Од Јавното сообраќајно претпријатије Скопје известуваат дека утре, на 1 октомври, дел од возилата од јавниот превоз ќе возат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Оттаму истакнуваат дека промените ќе бидат на сила во периодот од 7 часот наутро до 14 часот попладне, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2023“.

Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б, а во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите: 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Дополнително, посочуваат од ЈСП, изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите  – 5, 15 и 15А, 21 и 22, 23, 27, 28, 31, 41, 51, 67 и 70, 50 и 50А,  57, 59, 59А, 58, 58а и 58б.

Нема да бидат сменети трасите на градските линии 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В, како и на приградските линии – 11, 11А, 18, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 66, 66А, 68, 71, 74, 81 и 162.

Од ЈСП ги потсетуваат учесниците на маратонот дека во текот на утрешниот ден бесплатно ќе можат да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).