Изложба „Скопје низ моите очи“ во Котур

Изложбата „Скопје низ моите очи“ која ќе ги прикаже различните реалности на младите луѓе во градот, вечерва ќе се отвори во „Котур“.

Со траење од 18 до 21 часот, изложбата ќе прикаже селекција на фотографии кои ги документираат средбите на младите луѓе во нивното секојдневие и заедници. Настанот е организиран од „Eco Youth“, „YouthCAN“ и „Демокраси лаб“.

Во рамки на изложбата ќе се пушта и музика, а ќе биде организиран и коктел.