Дискусија за посткатастрофични градови и промоција на книга во Кафе Котур

Денеска (13 декември) од 13 часот во Кафе Котур во Скопје, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе се одржи дискусија и промоција на книга на настанот насловен „Посткатастрофични градови во компаративна перспектива“.

Настанот ќе биде хибриден со физичко присуство и со можност за приклучување преку платформата „Зум“. На настанот ќе биде промовирана и книгата „Скопскиот земјотрес од 1963 година и постземјотресната обнова: Лични сведоштва“ која е резултат на проектот „Скопскиот земјотрес од 1963 година. Сеќавања, идентитети, акции“ подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонијa, АЛДА и програмата Нормандија за мирот, финансиски подржана од Регионот Нормандија. По промоцијата ќе следи дискусија за посткатастрофични градови во компаративна перспектива.

Во дискусијате ќе учествуваат:

Стефани Дупон (Pôle “Inventaire général du patrimoine culturel”, Région Normandie),
Груја Бадеску (Универзитетот во Констанц),
Наум Трајановски (Полска академија на науки)

Дискусијата ќе ја модерира Петар Тодоров (Институт за национална историја, Скопје и ЦИНИК)

„Со дискусијата „Посткатастрофичните градови од компаративна перспектива“ имаме за цел да понудиме неколку интерпретации на посткатастрофични градови во и вон Европа. Учесниците ќе ги претстават своите истражувања на повеќе посткатастрофични градови и нивните обнови“, најавуваат организаторите.

Публиката ќе може да подигне бесплатна копија од книгата.

Настанот ќе може да се следи онлајн на следниов ЛИНК.