Изложба на слики од уметници со телесен инвалидитет

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3-ти Декември, во „Порта Македонија“ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики од 7. и 8. Меѓународна ликовна колонија, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

На ликовната колонија учествуваа уметници со телесен инвалидитет од Македонија, Словенија, Бугарија, Србија, Хрватска и Република Чешка.

Целиот проект го стимулира ликовното творештво на лицата со телесен инвалидитет и организирањето ваква меѓународна ликовна колонија има за цел да докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предрасудите дека техничката изведба е најважна.