Изложба на јавен простор: „ТИ бираш какво Куманово сакаш!”

Утре од 18 часот во Соколански парк во Куманово, членовите на локалниот младински медиа/арт клуб организираат интерактивна изложба „ТИ бираш какво Куманово сакаш!“.

Изложбата цели да ги прикаже местата во градот на кои е потребна интервенција за градот да биде почист, пофункционален и поубав.

Организатор на настанот е Младинскиот клуб при МОФ центар – Куманово. Станува збор за место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи, да научат повеќе за алатките на уметноста и влијанието кое може да го имаат за подобрување на нивната средина.

Оваа изложба е завршната активност на младинскиот клуб кој во текот на академската година одржуваше неделни средби за неформално образование во областа на младинскиот активизам преку уметност.

Клубот работи во рамки на Проектот за младинско изразување со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Овој проект е финансиран од Европската Унија.