Истражување: Постарите деца повеќе препознаваат лажни вести

Постарите деца полесно препознаваат лажни вести на социјалните мрежи и речиси сите ја проверуваат вистинитоста на веста, се наведува во истражувањето на Офком, британски регулатор за комуникации.

Офком соопшти дека 54 отсто од децата на возраст од 12 до 15 години ги користат социјалните медиуми како Фејсбук и Твитер како извори на вести. Бројот, пак, на помладите деца кои користат Интернет, се зголеми, па така 92 отсто од децата на возраст од пет до 15 години се вмрежени. Таа цифра лани била 87 отсто, се вели во извешптајкот.

Повеќе од половината од претшколска вопзраст (53 отсто) користеле оваа година интернет, 79 отсто од пет до седумгодишна возраст, што е зголемување за 12 отсто во однос на минатата година за двете групи. Кај постарите деца, ЈуТјуб го препознаваат како бренд 94 отсто деца на возраст од 12-15 години, во споредба со 89 отсто кои чуле за Ај-Ти-Ви, 87 отсто знаат за Нетфликс и 82 отсто за Би-Би-Си.

Околу 81 отсто деца, на која било возраст, користат ЈуТјуб за гледање кратки клипови или програмски содржини.

Сепак, и покрај зголемениот процент на деца кои користат социјални мрежи заради информирање, истражувањето покажа дека најголем број деца препознаваат таков ризик и само 32 отсто од нив веруваат дека таму пласираните вести се секогаш или најмногу се точни.

Речуиси три четвртини од постарите деца (73 отсто) се свесни за концептот „лажни вести“, при што 39 отсто виделе лажна вест онлајн или на социјални медиуми. Во истражувањето се додава дека 86 отсто од децата на возраст од 12 до 15 години направиле најмалку една проверка на веста (лажна или вистинита) без разлика дали ја прочитале на социјален медиум или онлајн. Притоа тие читале коментари за нејзина верификација или автентичност, како и за организацијата која стои зад неа.

Сепак, 46 отсто од децата велат дека им било тешко да кажат дали веста на социјален медиум е вистинита.

Емили Кејн шеф на истражувањето спроведено од Офком, вели: Најголем дел од постарите деца сега користат социјални медиуми да дојдат до вести и од огромно значење е да евалуираат што читаат, и понекогаш е тешко за нив да одвојат факти од фикција. Според неа, голем дел од децата имаат „стратегија за проверка на вистинитоста на веста објавена на социјални медиуми.

Постојат две големи причини за тоа – намалена верба во вестите што се шират на социјални медиуми, но дигиталната генерација станува здраворазумна, одава таа. Според истражувањето, децата го користат Фејсбук како главен социјален медиум но, е забележано намалено користење на 40 отсто за разлика од 66 отсто во 2014 година.

Сепак, Снапчет бележи раст во популарноста – од три отсто во 2014 година на 32 отсто оваа година. Повеќе од четвртина деца на возраст од 10 години имаат профил на социјален медиум, додека кај децата на возраст од 11 и 12 години е околу 50 отсто.

Зголемување е регистрирано и кај поголемите деца кои прочитале содржина со говор на омраза, и тоа од 34 отсто лани на 45 отсто оваа година. Во истражувањето на Офком се вели дека 35 отсто од децата на возраст од 8-11 години кои гледаат телевизија велат дека недоволно емисии ги прикажуваат децата како што личат тие, додека 41 отсто од поголемите деца велат дека премалку програми прикажуваат деца кои живеат во нивниот дел од државата.