Индија ja блокираше лиценцата на хуманитарната организација на Мајка Тереза

Индиските власти одбија да ја обноват лиценцата за прилив на странски финансии на хуманитарната организација основана од Мајка Тереза, пренесува „Би-би-си“.

Организацијата „Мисионерите на хуманоста“ е составена од илјадници калуѓерки кои надгледуваат проекти како градење на домови за напуштени деца, но и изградба на училишта и болници.

На Божиќ, индиското Министерство за внатрешни работи објави дека не ја обновило лиценцата поради „негативни информации“.

Според индиските медиуми, организацијата долго време е обвинувана дека ги користи своите програми за да ги привлече граѓаните кон Христијанството.

Од организацијата ги отфрлиле овие обвинувања. Оттаму, дополнително потврдиле дека лиценцата не била обновена, како и дека организацијата нема да користи странски финансии се’ додека „проблемот не е решен“.

Претходно, министерот на Западен Бенгал, Мамата Банерџи, ги повлече критиките откако на „Твитер“ објави дека Владата ги „смрзнало“ сметките на хуманитарната организација Но, од Владата демантирале дека сметките се „смрзнати“.

Хуманитарната организација која се наоѓа во Калкута е основана во 1950 година од страна на Мајка Тереза, која се преселила во Индија од Македонија.

Хуманитарната организација е една од светски најпознатите католички хуманитарни организации. Мајка Тереза во 1979 ја доби Нобеловата награда поради нејзината работа, а од страна на Папата Франциск во 2016 беше прогласена за светец.

Владата на премиерот Нарендра Моди започна да ги „смрзнува“ странските финансии на хуманитарните и невладини организации во Индија. Минатата година, ваквите блокади придонесоа кон „смрзнување“ на банкарските сметки на „Гринпис“ и „Амнести Интернешнл“.

Истовремено, се случија и повеќе напади врз религиозните малцинства ширум Индија.

Според Евангелистичкото Братство во Индија, нападите биле најчести во јужниот дел на Карнатака, каде регистрирани се 40 пријави за закани или напади.

Хинду групите го попречувале и славењето на Божиќ во делови од земјата, протестирале пред религиозните собири, а вандализирале и цркви во северна Индија.

Хинду е најголемата религија во Индија. Во земјата се регистрирани и 24 милиони христијани, односно 2 отсто од популацијата. Индија е дом на втората најголема христијанска заедница во Азија, веднаш по Филипините.