Илон Маск е „Лице на годината“ според „Тајм“ магазинот

Од „Тајм“ магазинот соопштија дека Маск е избран поради неговата работа со електричните автомобили, но  и поради неговите планови да го однесе човештвото на Марс.

Маск исто така е избран и поради неговиот интерес за криптовалути, пренесува „Independent“. Истовремено, од „Тајм“ додаваат дека за прв пат, „Лице на годината“ е човек кој во живо пренесувал за неговиот измет.

„Поради создавање решенија на постоечки кризи, поради отелотворувањето на можностите во ера на тех-титаните, како и поради водењето со најпредизвикувачките трансформации на општеството, Илон Маск е Лице на годината според „Тајм“, напиша магазинот во своето соопштение.

Магазинот кој ја доделува оваа награда уште од 1927, изминатите години ја додели честа и на Грета Тунберг, Џо Бајден и Камала Харис. Често се нагласува дека наградата служи само како потврда на влијанието на добитниците, а не нивно поддржување.