Хуманитарна забава на ЕСТИЕМ и Црвен крст за децата со пречки во развој

Студентската организација ЕСТИЕМ во Скопје, заедно со Црвен Крст организираат забава со хуманитарен карактер, која ќе биде посветена за децата со пречки во развој.

Забавата ќе се одржи во среда (6 декември) во кафулето „Форплеј“, со почеток во 21 часот.

Целта, како што велат од студентската организација која ги претставува студентите од Машинскиот факултет во Скопје, е да се помогне на децата кои се најбеспомошни и најранливи припадници на општеството.

„Тие се олицетворение на минатото, двигатели на сегашноста и носители на иднината. Секој од нас кога ќе види дете се препознава себеси во него. Затоа со оваа хуманитарна акција сакаме да ги поттикнеме сите хумани граѓани и хуманитарни организации да ни се приклучат, во што е можно поголем број за да заедно ги направиме децата среќни“, велат од ЕСТИЕМ.

На влезот на локалот ќе биде поставена кутија за донации, во која ќе може да се донираат парични средства.

„Ајде да изнудиме насмевки на детските лица“, повикуваат организаторите.