Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во Градски парк

Во Градски Парк кај Школка, во недела (25 март) со почеток во 11 часот ќе се одржи хуманитарна трка за децата со Даунов синдром.

„На оваа трка ќе трчаме заедно со овие прекрасни дечиња и нивните семејства. Целта на настанот е да ја подигнеме свеста за оваа популација, на која и е добредојдена секоја помош од сите хумани граѓани, општествено одговорни компании и секако државата“, стои во најавата за настанот.

Средствата собрани од оваа трка ќе се користат за набавка на аудио опрема за потребите на дневниот центар за лица со Даунов синдром.

Пријавувањето за трката е на следниов ЛИНК.