Хуманитарна изложба на Христина Тарабунова, собраните средства наменети за дечињата од онкологија

На 29-ти април „Интернационалниот ден на желбата“,  во кафе бар „Излет“, ќе се оддржи втората самостојна изложба на младата Христина Тарабунова.

Tаа ќе се претстави со рачно ткаени парчиња мутави (черги) на еден сосема индивидуален начин, многу поразличен од традиционалниот.

Изложбата „13 причини зошто: Оној кој ќе зачува живот, го чува цел свет“ ќе биде од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници.

Проектот е замислен како целодневна забава, а  собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата Златна Рипка за децата болни од тешки болести од одделот Онкологија во Државна болница. Настанот ќе биде отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.