Хаваи прогласува климатска вонредна состојба

Хаваи ќе стане првата американска држава што воведува климатска вонредна состојба, пренесува Инхабитат.

Таа ќе биде прогласена по усвојувањето на законот со кој се признава постоењето и итноста на климатските промени. Предлог-законот понатаму повикува на акција на целата држава за спречување на климатските промени.

Со усвојувањето на овој предлог-закон, се зголемува притисокот врз претседателот на САД, Џо Бајден, да прогласи иста ваква вонредна состојба на национално ниво.

Во февруари годинава, претставниците на Претставничкиот дом Александрија Окасио-Кортез и Ерл Блуменауер соработуваа со сенаторот Берни Сандерс за воведување на Националниот закон за итни случаи за климатските промени. Предложениот акт, исто како законот за Хаваи, повикува на колективна акција во борбата против климатските промени, признавајќи ја како вонредна состојба.

На глобално ниво, многу места веќе презедоа активности за прогласување на климатска вонредна состојба.