Хакер се обидел да ја затруе водата во Флорида

Локалните и државните американски власти истражуваат како хакер успеал да се поврзе на мрежата за водоснабдување во Флорида и неуспешно да се обиде да ја затруе водата што би довело до масовно труење.

Мистериозниот хакер го пробил компјутерот за водоснабдувачкиот систем на градот Олдсмат, близу Тампа, Флорида и го зголемил нивото на содиум хидроксид за повеќе од 100 пати, известил локалниот шериф Боб Гуалтиери.

Во мали количини, содиум хидроксидот се користи за регулацијата на киселоста на водата, но истовремено е корозивна хемикалија која може да се најде во средствата за чистење на домаќинствата. Во големи количини хемикалијата може да предизвика иритација, изгореници и посериозни компликации.

Сепак, внимателниот надзорник забележал дека количините на хемикалијата се менуваат многу брзо на компјутерот и набрзина реагирал за да ги намали. Водата останала безбедна, пренесуваат локалните медиуми.

Хакирањето се случило минатиот петок, кога непознатиот сторител го пробил компјутерскиот систем на градот Олдсмат и го зголемил нивото на содиум хидроксит за 100 пати.

„Најважно е што намерата беше неуспешна и јавното снабдување со вода остана безбедно“, изјавил шерифот.

Работник во градското водоснабдување забележал необична активност во петочното утро, како некој да влегол во системот. Попладнето, некој повторно влегол во системот, ја презел контролата врз глувчето и го зголемил нивото на содиум хидроксидот.

Надлежините лица изјавиле дека чуварите ќе ја забележеле промената пред да се појави вистинска опасност. По хакерскиот систем, се отфрлил дотогашниот компјутерски систем за регулација.

Нападнатата водоснабдувачка мрежа со вода снабдувала околу 15,000 жители и бизниси.

Извор: Guardian