Google нуди награди за оценување на апликацијата Maps

Компанијата Google нуди бонуси како учество на ексклузивни натпреварувања, ран пристап до новите продукти и 1 терабајт бесплатна меморија на Google Drive (вредна 10 долари месечно), за оние кои ќе ги оценуваат услугите и ќе објавуваат информации поврзани со нивната Maps апликација.

Програмата Local Guides трае веќе некое време, но сега Google ги поттикнува своите корисници да го споделуваат знаењето меѓусебно.

Local Guides ќе акумулира поени преку оставање на оценки, дополнителни информации за часови на отворање или „интерни совети“, како и преку објавување на фотографии.

Оваа ситуација им одговара и на Google и на нивните корисници, пишува The Independent. Компанијата ќе добие подобра и побогата апликација, а корисниците ќе добијат вистинска награда за релативно пријатната задача – да посетуваат нови места и да пишуваат по некоја реченица за нив.

И покрај популарноста на iPhone продуктите во Европа, апликацијата Apple Maps не нуди доволно информации, правејќи ја конкуреnтската апликација на Google покористена.

Citymapper е една од најпознатите алатки за урбана навигација, но со оглед на тоа што покрива само неколку градови во Велика Британија, не е многу популарна надвор од Лондон.

Од овие причини, Google Maps генерално се смета за лидер на пазарот кога станува збор за апликации за навигација. Ако наградите го подобрат проектот Local Guides, таквата позиција ќе се засили уште повеќе.