„Гола Планина колектив“ ќе претстави млади бендови на „ENGAGE: Тhe night“ во МКЦ

Растечкиот „Гола Планина колектив“ ja презема музичката програма „ENGAGE: Тhe night“ на овогодинешниот настан за социјален активизам „ENGAGE“, кој ќе се одржува во петок (9 јуни) во МКЦ со почеток од 14 часот, па се’ до полноќ, во организација на Радио МОФ и Младински образовен форум.

„Гола планина колектив“ се обедини преку повеќе млади бендови и изведувачи, дел од новиот музички бран што ја размрдаа и освежија домашната независна сцена во изминативе неколку години. Обезбедувајќи пристап до алатки и ресурси, „Гола планина“ поттикнуваат млади автори да создаваат, произведуваат и дистрибуираат своја музика. Исто така, создаваат заедница каде уметниците можат да учат еден од друг и да растат заедно.

На „ENGAGE: The Night“ од 20 часот тие на гостите ќе им ги претстават дел од бендовите во колективот, но и надоаѓачки млади гласови: „КЕМ“, „Zanadu“, „The Ooz“, „Niandra“, „Sivert“ и „Rend“.

Zanadu“ е млад бенд од Скопје, кој не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фрекфенции се начини на кои пробуваат да го пронајдат звукот ко најдобро ги дефинира. Како еден од најмладите бендови во „Гола Планина колектив“ тие пркосат со својата младешка енергија против сите ограничувања и догми, а нивната соничност и дивергентност е најдобро воочлива на настапи, каде најмногу ги уживаат бисовите и стиховите кои

KЕМ“ е бенд основан во Скопје во 2020 година, кој во својата музика инкорпорира разни жанрови, меѓу кои хип-хоп, инди, соул, РнБ. Нивното најново издание е синглот
„Завист“ (2023), а во меѓувреме подготвуваат нови групни и соло проекти. „КЕМ“ се: Катерина Начева, Емир Јашаров, Марко Марковски и Марко Захариев.

The Ooz“ ги рекреираат своите емоции во звук со високи децибели, влечејќи инспирација од секојдневните теми за љубов, смрт, сивилото и монотонијата, методично но агресивно влегуваат на македонската сцена. Во 2022, ова трио ги започна своите први чекори со џемање во своите домови. Петар Маркович на гитара, Андреј Игњатовски на бас и Симон Палитов на тапани, овозможува овој бенд да експериментира со пост-панк, шугејз и нојз-рок

Sivert“ – нов бенд од Скопје кој сѐ уште експериментира со жанрови и различни временски тактови, пробувајќи да си го пронајде звукот. Бендот се состои од пет соученички кои започнаа да свират како средношколски бенд и моментално пробуваат да се пробијат на локалната сцена.

Rend“ го сочинуваат четири млади музичари кои ги искажуваат своите емоции преку груб, експлозивен и етеричен звучен спектар – алтернативен метал.

Niandra“ се млад македонски бенд кој настана како страст за изразување преку својата музика. Aндреј, Бојана и Горазд имаат што да кажат и покажат! Тие се претставници на новиот, надоаѓачки музички бран.

Инаку, единствениот настан за социјален активизам „ENGAGE“ од 14 часот ќе започне со делот што се вика „ENGAGE: The stage“. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, но и за правата на текстилните работнички.

Исто така, дел од говорниците ќе се осврнат и на „Мое здравје“ – гласот на лицата со оштетен слух, други ќе зборуваат за генерацијата Зет и нивната моќ да го трансформираат активизмот и прават поинклузивен свет, а ќе бидат отворени прашања и за родовата еднаквост во 21 век.

„ENGAGE: The Stage“ ќе трае помеѓу 14 и 18 часот, а во истиот временски интервал ќе се случуваат и ENGAGE: The Workshops на Партизанска Штампа „Сито печат и реупотреблив дизајн: неограничен креативен потенцијал“, Си Фу Предраг Петрески „Како да го надминете стресот со правилно дишење“ и ПК Македон „Планинарење 101: Основи за успешни планинарски авантури“.

Повеќе информации за ENGAGE 2023 може да дознаете ОВДЕ. Настанот е бесплатен, а вашето присуство може да го најавите на регистрацијата достапна на ОВОЈ ЛИНК.

Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy.