Бендот „Ниандра“ со настап на „ENGAGE“ – собир за социјален активизам

Првиот најавен бенд кој ќе настапи на дванаесеттото издание на „ENGAGE“ – собирот за социјален активизам е македонскиот бенд – „Ниандра“.

„’Ниандра’ ни доаѓаат како дел од новиот музички бран што ја разрмда и освежи домашната независна сцена во изминатите неколку години“, велат организаторите.

Во музичката програма „Engage the night“, „Ниандра“, бендот составен од Андреј, Бојана и Горазд ќе настапи со други музичари и музички состави кои допрво треба да бидат најавени.

„ENGAGE“ – собирот за социјален активизам е во организација на Младински образовен форум (МОФ) и Радио МОФ, а оваа година ќе се одржи на 9 јуни, петок во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Следете нè за да ги дознаете имињата на овогодинешните учесници на ENGAGE! Сите детали ќе бидат објавувани тука и ќе бидат достапни на веб-страницата на конференцијата www.engage.mk.

Регистрацијата е отворена преку следниов ЛИНК.