„ENGAGE Youth 2023“ – Настан за млади, култура и активизам во петок

Младински образовен форум и Радио МОФ ги покануваат младите на првиот „ENGAGE Youth“ годинава, кој ќе се одржи на 31 март (петок) во дворот на Радио МОФ со почеток во 13 часот.

На овој настан, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, родова еднаквост, активизам и култура во нивните локални заедници. Со 4 говорници „ENGAGE Youth“ ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за млади, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството.

Покрај делот со говорниците, настанот ќе понуди и музичка програма. „Црно собрание“ се средношколски бенд формиран од талентирани музичари.

Агенда за „ENGAGE YOUTH“

Веќе за на 15-ти мај е закажан и вториот „ENGAGE Youth“ во Маврово и Ростуше каде исто така говорници ќе споделат искуства и знаења на повеќе теми поврзани со младите.

„ENGAGE“ е настан за социјален активизам, кој Младински образовен форум и Радио МОФ за прв пат го организираат во 2012 година и е место каде домашни и странски активисти, новинари, креатори на граѓански и онлајн иницијативи, уметници и политичари споделуваат знаења и искуства на актуелни теми.

Во изминатите години ENGAGE успеа да обезбеди најголем собир за поединци и заедници во нашата земја и тоа е единствениот настан кој продолжува да се организира секоја година и привлекува активисти со дискусија, иновација и зајакнување.

Главниот ENGAGE настан е закажан за на 9-ти јуни, за кој дополнително ќе бидат соопштени информации.

Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy, а организиран од Младински образовен форум и Радио МОФ.