Гана ја укина смртната казна

Властите во Гана изгласаа за укинување на смртната казна, со што се придружија на голем број агрикански држави кои ја донесоа истата одлука во скоро време, јавува „BBC“.

Во Гана, моментално на смртна казна се осудени 170 мажи и 6 жени, а на осудените сега ќе им следува  доживотна казна затвор. Последната смртна казна се случила во 1993 година.

Смртната казна беше задолжителна казна за убиство и предавство во Гана, а јавните национални анкети покажуваа дека населението не ја осудува смртната казна. Минатата година седум луѓе беа осудени на смртна казна во Гана, но ниеден од нив не беше елиминиран.

Гана е 29тата африканска земја која ја укинува смртната казна, а 124та на глобално ниво. Во скоро време многу африканси земји ја укинаа смртната казна, односни Бенин, Чад, Сиера Леоне и Замбија.