[Галерија] Победничките фотографии на натпреварот Nature@work

Европската агенција за животна средина ги соопшти победниците на конкурсот Nature@work (Природата на дело), преку која европските граѓани низ фотографии требаше да прикажат какви придобивки имаат од природата.

Натпреварот беше поделен во три категории: „Природата обезбедува“ (за квалитетот на животот на луѓето кој зависи од природата), „Природата заштитува“ (за поврзаноста меѓу животната средина и физичко и ментално здравје на луѓето, како и зачувување на природата за намалување на влијанието од климатските промени) и „Природата инспирира“ (за огромниот број чувства и емоции кои таа ги предизвикува и инспирира нови идеи).

„Природата ни обезбедува многу придобивки. Некои се добро познати, како чист воздух, чиста вода, храна, дрво за градба и обработка и други природни ресурси. Но, идентично важни се и другите придобивки. На пример, дали знаевте дека зелените простори во и околу градовите не штитат од поплави преку абсорбција на вишокот вода? Слично, дрвата и урбаните паркови ни помагаат за пониски температури во урбаните места за време на топлотните бранови. Со нивната природна убавина и богата разновидност, природата е истовремено и извор на инспирација не само за иметност, туку и за дизајнирање на машини, домови и многу иновативни солуции“, стои во описот на конкурсот.

„Гладна верверичка“ од Нина Лозеј од Словенија – победничка фотографија во категоријата „Природата обезбедува“

„Засолниште“ од Атила Чернатони од Унгарија – победник во категоријата „Природата заштитува“

„Чекајќи го новиот ден“ од Салваторе Петрантони од Италија – победник во категоријата „Природата инспирира“

 

„Мајка природа“ од Антонио Зарило од Италија – победник во младинска категорија

„Кислород“ од Мурат Ибраноглу од Турција – победник во гласањето на публиката

„Чисто утро“ од Викторс Озолинс од Латвија – добитник на специјалната награда на естонското претседателство со Европската Унија.

Сите фотографии на финалистите на натпреварот може да ги погледнете ТУКА.