Француската полиција се судри со еко-активисти во шума во близина на Нант

Француската полиција се обиде да ги истера активистите за заштита на животната средина од шумaта во западна Франција, каде што до неодамна постоеше проект за изградба на нов аеродром. Полицијата употреби солзавец против стотиците активисти, кои направија импровизирани барикади и запалија оган.

Во јануари владата го укина контроверзниот проект за изградба на нов аеродром во близина на градот Нант. Локалните политичари се надеваа дека новиот центар ќе ја поттикне економијата во регионот.

Околу 2.500 полицајци беа распоредени за во денешната акција која започна во 06:00 часот. Тие ги блокираа блиските патишта за да ги изолираат активистите, од кои многумина со години престојуваа илегално на ова место.