[Фото] Нуркачи го чистеа Охридското Езеро од цврст отпад

„Охрид еко 2023“ се викаше еклошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад, која ја организираше Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Акцијата се изведе на две локации: изворите Св Наум, пристаништето Св.Наум – манастир Св. Наум.

„На акцијата учествуваа 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар ‘Амфора’, Спелеонуркачки клуб ‘Врело’ од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира ‘Амфора’“, соопштуваат од „Амфора“.

Од таму посочуваат дека од дното на езеротото се извадила огромна количина разновиден цврст отпад како пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.

Проектот е реализиран со подршка на Скопско АД Скопје и на Ресторан Острово Св Наум.

„Голема благодарност и до ЈП Комуналец Охрид кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го  транспортираат до депонија“, велат од Нуркачкиот центар.

Раководителот на „Амфора“ и интернационален инстурктор тренер, Јован Секулоски, потенцира дека  дека најголемата количина цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад.

„Со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел вистинска заштита на Охрдското Езеро“, посочува Јован Секулоски.