[Фото] Граѓани заедно со ЈКП „Гази Баба“ го чистеа делот пред фабриката Железара

Под мотото „Каква иднина сакаме да им оставиме на нашите деца“ и „Кој ќе се грижи за вашиот дом ако не вие?“, денеска локални граѓани заедно со работници на ЈКП „Гази Баба“ го чистеа делот пред фабриката Железара, во општина Гази Баба.

Акцијата почна со собир во 10 часот пред паркингот на фрабриката, а беше иницирана од „Зелена Железара“.

Дел од учесниците за Радио МОФ велат дека при доаѓање на местото е утврдено дека се работи за огромни количини на разно ѓубре, па денеска е исчитен само еден мал дел, околу 20%. Затоа е договорено наредната недела да има нова слична еко-акција, повторно во соработка со претпријатието.

„Се работи за несериозност на институциите што е дозволено да се натрупа толкаво количество на ѓубре. Тоа целото со раце не може да се среди, ќе мора да игра машинерија“, вели Дејан Димитровски, локален активист.

Б.Ш.