[Видео] Среќна нова 2022 од дното на Охридското Езеро

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на коските во Охрид.

Тие повторно, на уникатен начин им ја честитаа новата година и божиќните празници на граѓаните на Северна Македонија.

Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници.