Фото натпревар „Добрината е насекаде околу нас, само треба да ја препознаеме“

Проектот „Ученици денес-одговорни претриемачи утре“ (STRET) се фокусира на спроведување на програми за промоција на социјално прептриемништво (SE) и корпоративна општествена одговорност (CSR) со ученици од средни училишта, кои го изучуваат предметот „претприемништво“ во три земји (Македонија, Хрватска и Литванија).

Како дел од проектот ќе се одржи натпревар за фотографија со цел да се инспирираат учениците од Ријека, Скопје и Радвилишкис да направат фотографии на кои е претставена добрината во општествотото.

Како теми на фотографиите можат да бидат претставени: филантропија, помагање, добрина, инспирација, емпатија и се што пренесува позитивна порака.

Десетте најдобри фотографии од секој град ќе бидат  прикажани на Гала настан, кој ќе има за цел да собере средства, кои подоцна ќе бидат искоростени во добротворни цели.

Најдобрата фотографија од Македонија ќе добие награда: POLAROID камера (instax mini 9).

Насоки и правила

  1. СОДРЖИНА
  • Фотографиите треба да изразуваат одговорност, филантропија, оптимизам (видете погоре)
  1. ФОРМАТ
  • Учениците треба да се пријават со испраќање на дигитална фотографија. Може да е направена со телефон, но НЕ е дозволено да се испрати цртеж или илустрација.
  1. ВИД
  • Видот на фотографијата (портрет, пејзаж итн.) не е ограничен.
  1. ГОЛЕМИНА
  • Големината на сликата мора да биде минимум 1600х1200 пиксели
  • Ако фотографијата е направена со телефон мора да биде во целосна големина (4МР – минимум)
  • Фотографијата треба да биде испратена во .jpg или .png формат
  1. НАСЛОВ
  • При испраќање на фотографијата да се напише нејзиниот наслов
  • Дефинирана порака – по избор (максимум 50 зборови)
  • Да се наведе име и презиме на авторот, возраст, име на училиштето во кое учи, телефонски број и година во училиште
  1. ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
  • Испратете слика со наслов на e-mail: stret.macedonia@gmail.com
  • Дозволено е да учествуваат само ученици од средните училишта на град Скопје
  • Фотографиите треба да се испратат надоцна до 19.04.2018 (23.59 ч).
  • Не е дозволено да се учествува со повеќе од 3 фотографии.
  • Авторите на десетте најдобри фотографии ќе бидат известени до 23.04.2018, а ќе бидат објавени на Гала настанот на 04.05.2018
  1. ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ПРАВА
  • Фотографијата мора да му припаѓа на авторот
  • По испраќањето, авторот се откажува од сите авторски права на сликата, во корист на организаторите.
  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАСОКИ
  • Жирито  се состои од членови, кои ќе го оценуваат креативниот потенцијал на фотографијата, пораката за социјална одговорност и иновативноста во решавањето.
  1. НАПОМЕНА
  • Фотографии на кои се прикажани малолетни личности или лица на други личности не можат да бидат испратени без дозвола од оние кои се прикажани на  фотографијата (од родителите во случај на малолетни лица)
  • Фотографиите НЕ смее претходно да биле наградени на друг натпревар за фотографија
  • Ученици кои учествувале на STRET тренинзите НЕ смеат да учествуваат во натпреварот.
    Сликите не смеат да прикажуваат:
  • Расна дискриминација
  • Сексуални деликти и прикази
  • Насилство и малтретирање од било каков вид

Критериуми на оценување

Членовите на жирито ќе ги оценуваат дигиталните фотографии  од учениците. Фотографиите ќе бидат оценувани според: мотивација, креативност, композиција, како и порака на фотографијата.

1.Прикажување на темата –  Авторот на фотографијата треба да опфати една од наведените теми

2.Креативност и оригиналност – Користејќи го медиумот за се прикаже идејата, авторот треба да ја прикаже оригиналната и надворешната експресија на неговата имагинација

3.Композиција – Таа е важна за дизајнот на фотографијата и за поврзување на сите визуелни елементи за  искажување на нејзината цел. Најважните визуелни елементи се: осветлување, замагленост, боја и фокус.

4.Потенцијално социјално влијание – Чувството што личноста го добива при гледање на фотографијата за прв пат. Фотографиите треба да предизвикаат смеа, гордост, изненаденост, среќа или други интензивни чувства кај гледачот. Почетното влијание треба да предизвика чувство на филантропија, емпатија, чувство на припадност на општеството и правење на добри дела.

5.Порака – Моќта на фотографијата да предизвика емоции кај гледачот, да развие идеи поврзани со темата, да ја пренесе пораката на фотографијата.

Подетални информации може да најдете на: stret.macedonia@gmail.com или на социјалните мрежи (FacebookInstagramTwitter