[Фото] НаТочак: Заробена велосипедска територија долж „Партизанска“

Во очекување во најскоро време да се постават заштитни столпчиња и на овој потег долж булевар Партизанска, дел од Рута 2, од проектот „Скопје Велоград“, за да се ослободи и оваа заробена велосипедска територија, реагира НаТочак преку Фејсбук.

Според иницијативата, состојбата на вело-патеката утринава укажува на итност за решавање на овој проблем и да се овозможи безбедност на велосипедистите кои секојдневно сообраќаат на овој потег.

„Корисниците на овој бесплатен паркинг ќе мора да се соочат со растечкиот број на корисници на велосипедски сообраќај и да презентираат разбирање за процесот на развој на урбаниот велосипедизам, кој на крајот на денот е поволен и за нив. Во надеж дека еден ден ќе доживееме високо ниво на сообраќајна култура и нема да има потреба од вакви мерки за физичко оградување на јавен простор од нагонот за приватизирање на јавни сообраќајни површини од поединци“, стои во соопштението-реакција на НаТочак, кои објавија и фотографии.