[Фото] „Мирот е бесплатен“ – порачаа средошколци на денешниот марш за мир

По повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот денеска низ неколку училишта низ градовите низ Македонија се реализираа разни активности за подигнување на свеста за емпатија и мир.

Средношколци од скопската гимназија „Никола Карев“ се приклучија на Денот, со тоа што учествуваа во локален мировен марш и делеа пораки низ општината Карпош. Заедно со нив беше и нивната професорка од мировниот клуб – Елвира Мустафа.

Тие порачаа: „Мирот е бесплатен“.

Настанот беше инициран од Прва детска амбасада Меѓаши.