Акција во средното училиште „Кочо Рацин“ за помош на Турција и Сирија

Учениците од средното училиште „Кочо Рацин“ заедно со професорката Елвира Мустафа отворија пункт каде ќе се собираат донации за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

„Ве покануваме сите кои имаат можност и сакаат да донираат, тоа можат да го направат во СУГС ‘Кочо Рацин“, кое се наоѓа во Ѓорче Петров“, велат иницијаторите на акцијата.

Инаку, досега во земјотресите во Турција и Сирија загинаа повеќе од 33.000 луѓе. Низ јужна Турција и северна Сирија милиони луѓе се оставени без домови, а температурите продолжуваат да паѓаат под нулата секоја ноќ. Од Обединетите нации предупредија дека повеќе од 800 илјади луѓе се без соодветни оброци, додека нивната агенција за помош предупредува дека конечната бројка на загинати може да се удвои од досега официјално потврдената.