Општина Велес го распиша конкурсот за литературната награда „Рациново признание“

Општина Велес го распиша овогодинешниот конкурс за наградата „Рациново признание“ која што се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2020 година до мај 2021 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Сите заинтересирани треба да ги достават своите делаво 3 примероци на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака „За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2021 година“.

Делата треба да се достават на адресата најдоцна до 25 мај.