[Фото] Марш за оставка на Владата – „Протестирам“ назад на улица

„Оставка, оставка“ скандираат стотици граѓани кои излегоа на протестен марш за правда и слобода низ улиците на Скопје. Организирани преку социјалните мрежи, во рамките на движењето „Протестирам“ тие се собраа на „старото место“, на пристапот кон Владата од страната на булеварот „Св. Климент Охридски“, точно еден месец по протестот за правда за Мартин Нешковски кога беа повредени десетици лица и приведени голем број демонстранти. Од Владата, тргнаа кон Министерството за правда од каде продолжија кон читалната „Браќа Миладиновци“ каде ноќта на 5 мај, упадна полицијата и ги преплаши студентите.

„Еден месец по протестите на 5 мај кои ги извадија граѓаните на улица! Еден месец од употребата на брутална сила против граѓаните и граѓанките, а тие кои го дозволија тоа, сѐ уште се на власт! Еден месец по упадот на полициските сили во библиотеката Браќа Миладиновци, а настанот сѐ уште останува неказнет! Еден месец од обединувањето на сите револтирани граѓанки, граѓани и граѓански движења во отпорот против системот! Бараме оставка! Бараме одговорност!“, посочуваат од „Протестирам“.

11406601_832283976853695_4684904718598516125_o

 

На денешниот марш му претходеа неколку герила акции. Пред неколу дена активистите од „Протестирам“ симболично го блокираа делот за полетувања на аеродромот „Александар Велики“ и со „потерници“ во раце и порака „Не ги пуштајте да ги избегаат“, потсетија на вакуумот креиран од политичките преговори. Вчера пак облечени во барокни костими направија перформанс на неколку места во Скопје каде држеа натписи со познати реплики на функционерите кои може да се слушнат на бомбите, за синоќа да го донесат „барокот“ и во Театарот „Комедија“