Повеќе активисти од движењето #Протестирам денеска направија перформанс на неколку места во главниот град Скопје.
Облечени во барокни костими, држеа натписи со познати реплики на функционерите кои може да се слушнат на бомбите, како онаа која според опозицијата ја кажува министерот за финансии, Зоран Ставрески – „Ние сме лудаци, ова што го правиме е ненормално, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“, но и други како „Навлечен сум на барок“, „Барокот од блиску доаѓа“…
#Протестирам е граѓанско движење за мир, правда, демократизација на институциите кое бара оставка и одговорност на сегашната Влада.