Студентски пленум на својата официјална Фејсбук страница објави видео на кое се гледа како неколку специјалци синоќа влегуваат во читалната „Браќа Миладиновци“ на улица „Партизанска“ и насилно барале демонстранти од протестот за Мартин Нешковски.
„Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето!“, стои во објавата на Пленумот.
Тие алармираа дека невини студенти биле тешко ранети и повредени за што објавија и дополнително видео.
За вечерва, повторно е најавен протест од 18 часот пред Влада. Вчера, голем број граѓани спонтано се собраа пред Владата во знак на протест по објавената бомба на СДСМ со која го обвини државниот врв за прикривање и релативизирање на убиството.