Фелисет – првата мачка пратена во вселената конечно ќе го добие заслуженото признание

Пред повеќе од половина век, улична мачка од Париз беше испратена во вселената од Француската вселенска програма. Таа се врати жива, беше еутанизирана и истражувана од научниците кои беа заинтересирани за ефектите од анти-гравитацијата врз жив организам.

Но, нејзиниот придонес бил брзо заборавен од историјата, па затоа Метју Гај е на мисија да го промени тоа.

Гај, 31-годишен креативен директор од Лондон и љубител на мачки, за првпат се запознал со приказната за оваа мачка од крпа за чај во канцелариската кујна.

„Јас наидов на нешто што всушност беше погрешно сеќавање за неа“, изјави тој.

„Се вратив на моето место, изгуглав и открив дека тоа не било советска мачка, туку дека е француска“.

Заинтригиран, тој направил едноставно онлајн истражување за „првата мачка во вселената“ и западнал во „интернет замка“ обидувајќи се да ја открие вистинската приказна.

Гај признава дека било предизвик да најде проверени информации за Фелисет.

На пример, некои гласини кои широко се споделуваат велат дека друга, машка мачка наречена Феликс, првично требало да замине на патувањето, но избегала утрото пред мисијата. За Фелисет се мисли дека била план „б“ за експериментот. Оваа верзија на приказната била оспорена од научник кој работел во Националниот центар за вселенски студии во тоа време.

Според написите објавени истата година кога била лансирана и неодамнешни приказни раскажувани од научници кои биле вклучени во експериментот, Гај одлучил дека е време да го врати споменот за мачката.

„Ме шокираше тоа што таа не е повеќе позната во нашата современа интернет ера за обожување на мачки“, рече тој, цитирајќи ги примерите како „Грампи“ и „Нијан“.

Меѓу останатите животни кои биле испратени во вселената е и кучето Лајка – за кое „Аркад фајр“ направи песна и има статуа во Москва, како и Хам, кое е погребано во Меѓународната вселенска хала на славните во Ново Мексико.

Гај препознава дека овие животни немале избор за тоа дали ќе бидат пратени надвор од атмосферата и верува дека Фелисет заслужува спомен што ќе ја претставува нејзината жртва.

„Сакам да му раскажам на светот за тоа“.