Фејсбук и Инстаграм отстрануваат содржини во кои се споменуваат таблети за абортус

Фејсбук и Инстаграм започнаа да ги отстранат постовите поврзани со апчиња за абортус откако ваквите постови ги преплавија социјалните мрежи по одлуката на Врховниот суд на САД да го поништи легалното право на абортус.

Статуси, мемиња и постови со тагови на специфични верзии на табелти за абортус како мифепристон и мизопростол во петокот наутро наеднаш никнаа насекаде по Твитер, Фејсбук, Редит и телевизиските преноси. Според анализа на медиумска разузнавачка служба „Зигнал лабс“, до недела биле изборени повеќе од 25.000 тагови.

Како што јавува „Гардијан“, некои од постовите демонстрирале како луѓето можат легално да набават терапија за абортус преку пошта низ САД во земјите каде ваквата терапија е легална.

Во други постови, индивидуални корисници нудат пренос на рецепти за жени што живеат во државите каде неодамна беше криминализирано правото на абортус. Во меѓувреме, според истражувач во коалицијата за побезбедна мрежа, како што пишува „Гардијан“, започнаа да се појавуваат подземни мрежи поврзани со снабдување на апчиња за абортус.

„Гардијан“ доби и принтскринови на кои се глeда дека Мифепристон е достапен за продажба преку приватни групи на Фејсбук. По тоа, Фејсбук и Инстаграм речиси веднаш започнаа со отстранување на постовите директно поврзани со продажба на ваквите таблети.

Сепак, репортер на Новинската агенција „Асошиед прес“ одлучи да тестира како реагира Мета, татковската компанија на Фејсбук и Инстаграм кога некој ќе постира содржина во која се нуди продавање и обезбедување на таблети за абортус. Репортерот напишал: „Ако ми ја пратите вашата адреса, јас ќе Ви пратам апчиња за абортирање“, а во приод од една минута по објавувањето постот бил отстранет.

Фејсбук профилот бил веднаш ставен во статус „предупредување“, а Фејсбук се оградил одговарајќи дека постираната содржина ги прекршила стандардите поставени за „оружје, животни и други регулирани стоки“. Сепак, кога репортерот направил пост дека продава оружје, постот не бил отстранет, а истото се случило и кога објавил дека продава марихуана.

„Откривме некои примери на неправилно спроведување на прописите, но ќе го поправиме“, напиша Енди Стоун, потпаролот на Мета на својот Твитер профил, додавајќи дека полисата на мета забранува индивидуалци да продаваат лекарства, но дека сепак ќе дозволи да се споделуваат информации за како може да се дојде до нив.

Во повеќето држави во САД е дозволено таблетите за абортус да се праќаат преку пошта, но 19 од нив сосем го забрануваат нивното купување без дозвола од лекар. Според истражување спроведено на институтот Гутмахер, повеќе од половина од абортусите во САД се прават со помош на апчиња за абортус.

Републиканците во некои држави веќе се обидеа да ги спречат нивните жители да добијат апчиња за абортус преку пошта, а во Западна Вирџинија и Тенеси е забрането да се препише таблета од страна на лекар доколку тој се консултирал со побарувачот преку телефон.