Во барот „Агора“ во Куманово на 11 март ќе гостува „Error“, проект стартуван од Леонард Кааге, а настапува како состав од неколку членови кои вклучуваат широк спектар на рок жанрови, вклучувајќи нојз, пост-панк и шугејз елементи, притоа инспирирани од многу рок бендови од раните 90-ти.
„Леонард Кааге ја искористи можноста да започне да создава на празно платно со сопствена инструментација, продукција и аранжмани во 2019 година. Првите демо снимки беа развиени во неговото студио, секогаш кога наоѓаше време помеѓу работа на снимање и турнеи во Европа, Азија и САД. По неколку месеци карактеристичниот звук на ‘Errorr’ го најде својот облик: гласни гитари и фазиран бас поддржани од привлечни ритмови на тапани. Мекиот глас на Леонард го пресекува моќниот ‘Ѕид на звукот’ и го трансформира прекрасниот ‘нојз’ во поп“, стои во најавата.
Шведскиот мултиинструменталист е познат и како продуцент и гитарист на „The Underground Youth“, и има работено со многу други бендови како „The Brian Jonestown Massacre“, Кристоф Хан („Swans“), „Tess Parks“, „The Blue Angel Lounge“ и многу други.