„Графити фест 2021“ во Куманово

Оваа година ќе се одржи третото издание на „Графити фест“ во Куманово, во чии рамки ќе се исцртуваат ѕидовите од локалната средина, конкретно околните ѕидови на паркчето помеѓу  блик зградите К4 и К5.

Настанот ќе се одржи на 8 мај, а освен со графити, програмата ќе биде надополнета со музика, дружба и пијалоци, велат организаторите.

„Своја техника, цртеж и стил на околните згради ќе остават повеќе цртачи од Македонија. Ќе средиме еден дел од паркчето, ќе донесеме нешто ново помеѓу зградите. Се вклучивме во средување на паркчето со поставување нова урбана опрема, целосно осветлување на делата кои ќе бидат исцртани и работиме на тоа да се најде трајно решение за одржување на паркот од страна на Општина Куманово. Дојдете со вашите најмлади, дојдите сите да го одбележиме почетокот на едно трајно решение на паркчето“, дополнуваат тие.