Едукативен хуманитарен базар за бездомните животни во сабота во „Олд скул“

Невладината организација „Shelter for all“ организира добротоворен и едукативен базар посветен на бездомните животни.

Базарот ќе вклучува предавање од професионалниот тренер и ветеринар Анета Николова, изработки од 20 ракотворци и музички перформанси.

Настанот е закажан за во сабота (24ти март), со почеток во 17 часот во кафулето „Олд скул“.

„Дојдете си да донираме, да се журкаме и да научиме нешто ново за нашите крзнени пријателчиња“, се вели во поканата за настанот.

Повеќе за предавањето што ќе го држи Николова може да прочитате во интервјуто на Радио МОФ.

Анета Николова, ветеринар: Луѓето не се свесни за обврските и одговорноста кога вдомуваат куче