Дуња Иванова и Ана Пандевска за „PMGJazz“ објавија албум снимен во живо

За љубителите на современа македонска музика, издавачката куќа „PMGJazz“ објави албум во живо на Дуња Иванова и Ана Пандевска во рамки на серијата концерти со музички соработници, како дел од програмата „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура“.

Програмата е курирана од Мирко Попов и Владан Дробицки, а реализирана во партнерство со „Аудиокултура“ и „Божиновски“.

„Ова прекрасно издание ги става во прв план две прекрасни музичарки. Ана Падевска, млада и инспиративна композиторка и Дуња Иванова, чувствителна, но силна пијанистка. Сензибилитетот на композициите на Ана музички ја исцртува автентичната атмосфера на градот Скопје, претставена со грациозната изведба на пијано на Дуња“.

Инаку, албумот е снимен во Скопје на 26 октомври во Аудиокултура, a достапен за слушање и поддржување преку платформата Бендкемп.

Омотот е дело на Виолета Качакова.