Букршлиев и Томевски го издадоа албумот „Something Lonely In The Bone“

Првото албумско издание што излегува оваа 2023 година под етикатата на PMGJAZZ е „Something Lonely In The Bone“ на Филип Букршлиев и Благојче Томевски.

На изданието едниот свири бас кларинет, а другиот на гитара.

„Во неделите, дизајнерите на продукција, шминкерите, писателите, продуцентите: целата екипа е дома, одмара. Студиото е празно. Дури и периката на спикерот е оставена на рафтовите. Нема вести, нема што да се известува. Времето тече… бавно. Совршена можност за двајца искусни чудаци да ја искористат просторијата за да направат врева. Ако сте редовен слушател на овој лабел, можеби ги знаете од ‘Taxi Consilium’: едниот има мустаќи како австро-унгарски гроф, а другиот е со прекумерна тежина. Локација на сесијата за снимање: студиото на ТВ Свет, локална ТВ станица во градот Свети Николе. Инструменти: бас кларинет и гитара. Тоналитет: Д-мол, ама многу лабаво…“, стои во инфото за албумот.

Миксот и мастерот е на Владан Дробицки. Ковер на албумот – Филип Букршлиев.