„Aspirin Moon“ на 12 ноември во „Jazzy“

Во музичкиот клуб „Jazzy“ во сабота (12 ноември) од 21 часот ќе се случи настан со „Aspirin Moon“.

„Aspirin Moon“ е поетско-музички проект на поетесата Марија Грубор – Вардарска и гитаристот Филип Букршлиев.

„Танц во шармантниот меѓупростор кои ги спојува нивните дисциплини. Целина која е поголема од збирот на своите делови. Интимен дијалог. Разложени вкусови. Здружена пловидба во непознатото“, се вели во најавата.