Скопски џез фестивал: Матине со Филип Букршлиев трио

Скопскиот џез фестивал за утре (29 декември) од 13 часот организира џез-матине во „Мака“ со концертен настап на триото на Филип Букршлиев.

Триото се состои од Букршлиев на гитара, Андреа Мирческа – контрабас и Славчо Коцев – тапани.

„Актуелниот добитник на наградата најдобар млад џез музичар во Македонија, Филип Букршлиев, е еден од најплодните и најангажираните актери на домашната џез-сцена. Името на овој извонредно талентиран скопски гитарист, композитор и импровизатор се наоѓа на повеќе од 20 албумски изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Филип Букршлиев Трио, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други“, соопштува Скопски џез фестивал.

Од таму потенцираат дека творештвото и музицирањето на Буркшлиев се одликува со несекојдневна духовитост, раскошна фантазија и исклучителна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност.

Филип Букршлиев: Младите музичари ги има секаде, ама функционираме како тајно умерено криминално здружување