Дрег шоу „Pop Night“ во сабота во Скопје

Десет дрег изведувачи ќе се претстават на дрег шоуто „Pop Night“ што оваа сабота (3 февруари) ќе се одржи во Studio Social Club Скопје (поранешниот Клуб на новинари) со почеток во 21 часот.

„Настан полн со одлична музика и неверојатна забава благодарение на диџеј Дејан Сламков. Не пропуштајте ја овој шанса да уживате во вистинско блескаво и различно искуство“, се вели во најавата.

Перформансот ќе започне во 22 часот. Влезници може да се набават на денот на настанот по цена од 200 денари.