Домашни и странски „ѕвезди во подем“ на новото издание на „Музички блок“

Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје го најавува новото издание во рамки на својата музичка програмска активност, „Музички блок“ што ќе се одржи во сабота (05 ноември) со почеток во 19:00 часот.

На „Музички блок“ ќе настапат ѕвезди на повидок од домашната и сцената од регионот, а во продолжение програмата:

ЛТНЦ
Лутеница или скратено ЛТНЦ e пост-електро-фриџез-хоп-троп-трип-хоп артист, кој доаѓа од соседна Бугарија, а воедно и ќе го отвори ова издание на „Музички блок“. Зад псевдонимот ЛТНЦ стои музичарката Роберта Димана.

 

Ива Лоренс

Ива Лоренс е кантавторка од Србија, која на сцената се појави кон крајот на 2021 година, а досега има издадено два сигнла. Деби-албумот на Ива Лоренс ќе се објави на крајот на есента, а дотогаш песните на албумот ќе ги изведува во живо заедно со нејзиниот женски бенд.

Дуото „Yus Yus“ од Суботица, Србија се присутни на сцената уште од 2013 година, а музиката што ја прават е насочена кон жанрот  „minimal synth”. Ова е прв пат да одржат настап во Скопје.

 

„Сијенке“ е проект на Марко Тодоровиќ од Котор и Радован Раичевиќ од Подгорица, кои моментално студираат во Белград.  Раичевиќ потоа се занимава со рап-музика и диџејство, додека Тодоровиќ компонира амбиентален и одреден вид, како што ја нарекува, инди-музика. Нивниот деби албум „Из сијенке“ беше објавен во 2020 година, а преку него го опишуваат нивното појавување на музичката сцена.

На ова издание ќе настапи и македонската музичарка Атанасија Гулевска со својот музички соло-проект „Ата“ што го започна во 2021 година. Досега „Aта“ има два синглови на јутјуб, а третиот го објави третиот кон крајот на октомври годинава. Албумот, кој треба да излезе до крајот на оваа година, има уште 4 необјавени нумери. За крајната цел на овој проект, на Ата сега ѝ се придружуваат Марко Печеновиќ на гитара, Андреја Салпе на гитара и електроника, Огнен Златанов на виолина, вокал, звучни ефекти и Мартин Џорлев на гитара и звучни ефекти.

Билетите се по цена од 300 денари и може да се набават на билетарница МКЦ или online преку www.bileti.mkc.mk.