Доктори без граници: Болниците денес се нормална воена цел

Нападите на болниците и хуманитарните работници во војна набргу стануваат „нова нормала“, вели еден од управителите на Доктори без граници, Микиел Хофман. Тој вели и дека членовите на Советот за безбедност на ОН се соучесници во убиствата на докторите.

Хофман, специјалист за хуманитарна работа во организацијата, објави застрашувачка анализа, која покажува дека не бунтовничките групи, туку армиите постојано ги прекршувале воените закони, пишува Guardian. Тој ги обвинува постојаните членови на Советот за безбедност, од кои четворица биле вмешани во конфликти каде настрадале доктори, велејќи дека немало ваква ситуација од Корејската војна во 1950-тите.

Тој ги опиша борбите во Сирија како „валкана војна“, велејќи дека и владата на Башар ал-Асад и бунтовниците напаѓале болници, а повеќе разорувачко оружје имале самите држави вмешани во нападите.

„Кога зборуваме за бомбардирање на болници, тоа значи дека се бомбардирани од воздухопловни сисли“, вели тој. „Бунтовниците немаат воздухопловни сили, затоа овде се работи исклучиво за држави кои по дефиниција имаат многу помоќно оружје, а тие се оние кои всушност ги потпишале овие конвенции“.

Во понеделникот навечер, државната болница во Идлиб, град окупиран од опозицијата, болница престанала со работа откако повеќе воздушни удари ја погодиле областа, убивајќи дваесетина граѓани.

Минатата недела, болница поддржана од Интернационалниот комитет на Црвениот крст била уништена во воздушен напад на сириската влада, убивајќи еден од неколкуте педијатри кои останале во урнатините на градот окупиран од бунтовниците. Три дена подоцна, клиника за гинекологија била делумно уништена во бомбардирање на областа во западниот дел од градот, управувана од владата.

Ова се само последните инциденти од серија напади на медицински објекти кои укажуваат на систематско таргетирање на хуманитарните работници во војната. Почнувајќи од 2013 година, Независната комисија за истрага на ОН која ги истражуваше наводните воени криминали во Сирија, покажа дека нападите на болниците се користат систематски како воено оружје од режимот на Асад.

Хофман вели дека докторите кои работат во борбените зони имаат „право и должност да ги третираат сите, вклучително и борците, а тоа во моментот е предизвик поради многу од вмешаните држави во моментов“.