Доделени наградите на најдобрите матуранти од 23 скопски училишта

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.

„Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите скопски средни училишта е да продуцираат успешни идни професионалци кои се квалитетни, одговорни, се движат кон иднина базирана на знаење и се пример за идните генерации средношколци“, велат од институцијата.