Отворени денови на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (УИНТ) од Охрид соопшти дека од денеска до среда (18-20 април) организираат отворени денови во периодот во кои матурантите и нивните родители ќе можат да се запознаат со студиските програми и дел од кадарот на Универзитетот.

За време на отворените денови, од УИНТ најавуваат дека ќе се одржат презентации од компаниите со кои Универзитетот има воспоставено соработка, со цел да се презентираат можностите за пракса и работа на идните студенти.

Отворените денови ќе се одржуваат од 12 до 14 часот.