Oд 2035 низ Канада ќе се возат само електрични или хибридни возила

Канада ќе бара автомобилите на нејзината територија да бидат целосно електрични или хибриди до 2035 година, со цел државата да се насочи кон зелени политики.

Министерот за животна средина, Стивен Гилбо, изјавил дека планот на властите е автомобилските производители да ги зголемат продажбите на електронските и хибрид автомобилите во наредните години.

Според Стандардот за достапност на електрични возила, една петтина од возилата што ќе се продаваат во 2026 година, треба да бидат целосно електрични или хибриди.

Таа бројка ќе се зголеми на три петтини до 2030 година, а потоа до 2035 година сите возила понудени на продажба во Канада ќе треба да бидат со нулта емисија.

Автомобилската индустрија се спротивстави на регулативите, тврдејќи дека целите поставени од власта се нереални со оглед на повисоката цена на електричните возила и лошата инфраструктурата за полнење низ Канада.

Ваквите упатства, првпат објавени во 2021 година и ажурирани неделава, го означуваат обидот на властите, под притисок на еколошките здруженија, да ги достигнат земјите на ЕУ и САД со барањата за продажба на електрични возила.

Тековниот план на Европската Унија цели да ги намали емисиите од автомобилските гасови за 55% од нивото изброено во 2021 година до крајот на деценијата, и на нула до 2035 година.