„Девојката од Бруклин“ е најпродавана книга за 2017 година

Гијом Мисо се најде врвото на листата од топ 20 најпродавани книги за 2017 година на онлајн-книжарницата КупиКнига.мк. На Мисо му припаднаа првото и третото место на листата со книгите „Девојката од Бруклин“ како најпродавана и „Апартман во Париз“ која е трета на листата. На второ место пак е книгата „Светското зло и беда -наследството на 13 династии на илуминатите“ од авторот Робин де Рајтер. Топ 20 листата продолжува по следниот редослед:

4. „1984“ – Џорџ Орвел

5. „Буквар: читаме и пишуваме латиница“ – Венко Андоновски, Олга Синадиновска

6. „Запишано во ѕвездите“ – Паринуш Сание

7. „Тајна задача: љубов“ – Џули Џејмс

8. „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ – Александар Алексов

9. „Никој не рече дека ќе биде лесно“ – Коста Петров

10. „Ако не постои утре“ – Гијом Мисо

11. „Десет илјади љубовници“ – Едит Равел

12. „Гордост и предрасуда“ – Џејн Остин

13. „Во еден момент“ – Гијом Мисо

14. „Станарката на замокот Вајлдфел“ – Ен Бронте

15. „Те нема никаде“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

16. „Ноќ и ден“ – Вирџинија Вулф

17. „Дигитална тврдина“ – Ден Браун

18. „Пакет книги“ – Џозеф Марфи

19. „Менсфилд парк“ – Џејн Остин

20. „Бегалка: Исчезнатата Албертина“ – Марсел Пруст