„Денови на македонска музика“: Концерт на оркестарот на Националната опера и балет со солисти

Во рамки на манифестацијата „Денови на македонска музика“ на 12 април со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на оркестарот на Национална опера и балет со солисти. 

На концертот кој ќе се одржи во салата на Национална опера и балет,  публиката ќе има можност да ги проследи делата на композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков, и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски. Како солисти на концертот ќе настапат Весна Гиновска Илкова- сопран, Наде Талевска – сопран, Гонца Богоромова – сопран и Горан Начевски – баритон, со оркестарот, под диригентска палка на Иван Еминовиќ.

Влезот е слободен.