Дебрчани на протест против депонија: Дебрца чиста ја наследивме, чиста и ќе ја оставиме

Жителите на Дебрца најавија нов протест и еко-револуција против изградба на регионална депонија на нивната територија. Симболично, во 5 до 12 часот, на 22 април (недела), ќе се соберат во атарот на селото Ботун.

Дебрчани се категорично против изградба на депонијата, која се планира да се изгради кај селото Годивје, во близина на aвтопатот Кичево-Охрид.

„Дебрчани, сега е моментот. Дебрца чиста ја наследивме, чиста и ќе ја оставиме“, стои во повикот на организаторите.

За време на локалните избори, се одржа и референдум во Дебрџа на кој граѓаните јасно кажаа дека се против депонијата, по што се формираше и координативно тело чија цел беше да ја спречи изградбата.

Советот на општина Дебрца, едногласно одлучи да не даде согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион од страна на Владата на Република Македонија.

Жителите очекуваат премиерот Зоран Заев да го исполни своето ветување што го даде за време на изборите, кога јавно вети дека ќе се заложи да не се гради планираната депонија.